Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари победа од 2-0 (6-2 и 6-4) против Метју Вилијам Доналд на стартот на фјучерс-турнирот во Франција.

Чешкиот тенисер направи брејк на стартот против Ивановски и поведе со 2-0, меѓутоа македонскиот тенисер со одличен ритам и со шест гема по ред стигна до 6-2.

Доналд се бореше храбро против Ивановски и во вториот сет, меѓутоа најдобриот македонски тенисер со брејк во 10. гем (6-4) обезбеди осминафинале на новиот турнир.

Ивановски сега се наоѓа на 477. позиција на АТП-листата и е на добар пат да забележи нов напредок.