Партизан ја победи Црвена Звеза со 92-81 во вечното дерби во АБА-лига. Најдобар кошаркар во редовите на „црно-белите“ беше Матијас Лесор кој постигна 27 поени. По завукот на сиренат тој тргна кон Филип Петрушев, го оттурна, сакаше физички да се пресмета, но веднаш реагираа останатите играчи. На теренот влета и тренерот, Жељко Обрадовиќ, кој по натпреварот се извини за однесувањето на својот кошаркар.
https://twitter.com/BasketNews_com/status/1635404291925225472?s=20
После овој инцидент, Лесор истрча кај навивачите, го зема мегафонот и ја прослави победата со нив.
На овој натпревар беше урнат и рекордот на посета на еден меч во АБА-лига, на трибините имаше 17.124 гледачи