Судејќи по се, кошаркарите на Црна Гора наместо селекцијата на Русија ќе играат на ЕП.
Собранието на ФИБА Европа конечната одлука ќе ја донесе в сабота, а Комисијата за натпреварување предложи тимот на Бошко Радовиќ да биде замена на 41. Евробаскет.
Македонија се надеваше дека може да го добие место на Евробаскетот , бидејќи беше во иста група со селекцијата на Русија , но сепак најверојатно селекцијата на Црна Гора ќе биде замената .
Од сите најголеми спортски организации во Европа, не само што ФИБА ја елиминира Русија од своите натпреварувања, туку тоа ќе го стори и европскиот огранок на Светската куќа на кошарката во сабота на Собранието во Вилнус.
Според правилата, во случај некоја екипа да не може да учествува на натпреварот, нејзиното место го зазема тимот што имал најдобар учинок, но не се квалификувал. Со оглед на тоа што избраниците на Бошко Радовиќ се единствени со три победи кои останаа под линијата, беа први на листата на чекање.
Доколку нема непредвидени промени, избраниците на Радовиќ ќе играат во групата А во Тбилиси, Грузија, а покрај домаќините, ривали од 1 до 7 септември ќе бидат Шпанија, Турција, Белгија и Бугарија.
Четирите најдобри селекции ќе одат во нокаут фазата која ќе се игра во Берлин.