Шпанската полиција уапси пет германски навивачи поради нереди во пресрет на вечерашното финале во Лига Европа меѓу фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт и Ренџерс во Севиља.
Полицијата соопшти дека навивачите на Ајнтрахт биле приведени поради тепачка со шкотските навивачи и полицијата, околу полноќ во центарот на Севиља. Тие фрлаа цигли и столови од кафулињата и запалија факели кон навивачите на Ренџерс и полицијата, а не се знае дали има потешко повредени.
Повеќе од 5.000 полицајци и стјуарди ќе бидат на должност бидејќи шпанските власти очекуваат да пристигнат до 150.000 навивачи од двата клуба.
Повеќето немаат билет за финалето кое почнува во 21 часот на стадионот „Санчез Пичуан“ во Севиља.