Македонската репрезентативен голман Столе Димитриевски не можеше да ја сочува чиста својата мрежа во Жирона, зашто противникот од два пенали успеа да извади бод во пресметката со Рајо Валјекано (2-2), но младиот мадридски клуб после шест години ја има својата најдобра серија – седум меча без пораз!
Последен пат кога Рајо имаше серија од седум меча без пораз беше во февруари 2016 година, со две победи и пет ремија, а сега дојдоа до четврто реми во седумте меча без тирумф само поради пеналите за домаќинот, после две водства.
Серхио Камелјо го постигна вториот најбрз гол за 61 секунда за водство на Рајо, но Валентин Кастелјанос во 34-та минута израмни од пенал, па вторпат мадриѓаните дојдоа во водство по еден час игра, во 62-та минута Изи Палазон погоди за 2-1, но не издржаа да го сочуваат и второто водство.
Самуел Саиз со втор пенал донесе ново израмнување, па во завршницата Радамел Фалкао имаше извонредна шанса за трет гол за Рајо, а потоа Димитриевски со прекрасна интервенција спречи пресврт победа за Жирона после удар со глава на Кристијан Стуани.
За Рајо ова беше 23-ти бод досега сезонава, за седмо место моментно на табелата, додека Жирона со 17 бодови е на 12-та позиција.