Интер од Милано одигра феноменален натпревар на домашен терен, и лесно и убедливо го совладаа Удинезе (4-0). Со тоа се вратија на врвот од табелата во Серија А, каде што привремено беше Јувентус по триумот во дербито со актуелниот првак Наполи (1-0).
Миланезите уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот и тоа во само седум минути во кои постигнаа три гола. Стрелци беа Чалханоглу од пенал во 37. минута, Димарко пет минути подоцна на асистенција на турскиот интернационалец и Турам во 44. минута. Лаутаро Мартинез стави точка на голеадата со голот во 84. минута со што дојде до дури 14. погодок сезонава во Серија А со што е убедливо водечки на листата стрелци со шест голови повеќе од Оливие Жиру од Милан.
Интер по 15 кола има 38 бодови, два повеќе од Јувентус и дури девет од повеќе од градскиот ривал Милан.