Години наназад, потезите на Динамо во преодниот рок, пред се огромните суми за кои клубот од Максимир продаваше тогашни неафирмирани играчи, беа „невозможна мисија“ за другите клубови на Балканот, но се очекуваше сето тоа да пропадне по формалното заминување на Здравко Мамиќ од клубот и тужбата против него.

Но, загрепчани и летово делат лекции како да се води бизнис на фудбалскиот пазар.

Најпрвин силно одекна веста дека Динамо го ангажираше дефанзивецот на Аталанта, Бошко Шутало, кој пред две и пол години дојде во Аталанта од Бергамо од Осиек, за четири милиони евра. Во исто време Динамо издвои уште два ипол милиони евра за играчот од средниот ред на виенски Рапид, 23-годишниот Роберт Љубичиќ, а многумина се прашуваа кога и како Динамо ќе ги врати вложените пари.

Но, не само што ја вратија инвестицијата, туку имаат и милионски вишок! Како?

Според нивниот проверен рецепт, „Сините“ реализираа уште еден излезен трансфер во странство, поточно во Волфсбург, каде се пресели „универзалецот“ на Динамо , 22-годишниот Бартол Фрањиќ за, според информациите на хрватските медиуми, од 7 до 7,5 милиони евра!

Така дадоа 6,5 милиони евра за две засилувања, а заработија можеби и 7,5 милиони од продажбата на играч кој до неодамна не беше ни стандарден првотимец!

Пред само две години, во екот на пандемијата на коронавирус, Фрањиќ беше на прагот да остане во првиот тим на Динамо или да биде префрлен во развојниот тим. Некако остана меѓу првотимците, но потоа настана проблем на која позиција да игра, па се прошета од лев бек, стопер, до заден играч за врска …

Тој одлично ја извршуваше својата улога, каква и да беше, и го привлече вниманието на германскиот бундеслигаш кој реши да вложи значителни средства во трансферот на Фрањиќ.

Минатата сезона забележа 40 настапи, постигна еден гол и запиша три асистенции.