Барселона го потврди доаѓањето на големиот шведски талент, Лукас Бергвал. 17-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор со каталонскиот гигант, но ќе се приклучи на новите соиграчи по истекот на тековната сезона.
Барселона ќе му исплати на шведскиот Ѓургарден сума од седум милиони евра, а во договорот се предвидени и уште три милиони кои ќе зависат од учинокот на играчот. Бергвал летово најпрво ќе се приклучи на вториот тим на Барселона, но веднаш ќе добие шанса и во сениорската конкуренција.
Младиот Швеѓанец важи за еден од најголемите таленти на својата генерација и веќе забележа 22 настапи за првиот тим на Ѓургарден. Од неодамна е и член на сениорската шведска репрезентација, за која досега има одиграно еден натпревар.