Македонскиот интернационалец, Никола Ѓорѓев одигра одлично и беше клучен играч во победата на неговиот Арау над Баден (2-1) во втората швајцарска лига.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија беше во елемент, па така во 13 минута беше автор на голот за водство од 1-0. Во вториот дел пак офанзивецот се најде во друга улога и му асистираше на Авдли за 2-0.
Ѓорѓев во актуелнава сезона има учинок од 5 гола и 2 асистенции за Арау кој со 26 бода е на третото место на табелата зад водечкиот Сион (40) и второпласираниот Тун кој има 38 поени.