Каталонците не беа премногу активни во летниот преоден рок, ама успеаа да обезбедат неколку играчи меѓу кои беше договорен и новиот бразилски талент, Витор Роке.
Според првично договореното тој треба да слета на „Камп Ноу“ по крајот на оваа сезона, меѓутоа по се изгледа се работи на случајот и веќе во јануари би требало да го носи дресот на Барселона.
-Се е подготвено Витор Роке да потпише за Барселона во јануари 2024. Се е договорено со клубовите и со играчот. Никој не ми кажал поинаку, па Роке ќе биде во спортскиот проект на Барселона во јануари 2024 година, -порача агентот на напаѓачот, Андре Кари.
Роке во моментов е повреден, ама неговата рехабилитација, и закрепнување оди во најдобар ред.
-Роке се опоравува многу добро и ќе биде подготвен за четири недели. Тој е младо, силно момче и му благодариме на Бога дека се помина многу добро, -истакна Кари.