Чави Хернандез е разрешен од должноста тренер на Барселона, соопштија од клубот од Каталонија. За одлуката тренерот бил информиран на состанокот околу 14 часот и 30 минути, а нешто подоцна го потврди и прес-службата на каталонскиот гигант. Неговото место од следната сезона ќе го заземе Ханси Флик, а тоа најверојатно ќе биде потврдено во понеделник.

Откако утрово медиумите открија договор меѓу претседателот Жоан Лапорта и германскиот стручњак, Чави Хернандез инсистирал на итна средба со раководството. На неа Лапорта и останатите членови на раководството го известиле тренерот за одлуката.

Чави ќе ја предводи Барса во последниот натпревар од сезоната, кој е против Севилја в недела, а потоа заминува од клупата.