Бразилскиот стратег Тијаго Мота оваа сезона имаше импресивни резултати со Болоња и обезбеди место во Лигата на шампиони, иако го загуби последниот меч од Џенова со 0-2.
Малиновски и Витиња беа стрелци на головите во триумфот на Џенова, па така Мота се збогува со пораз од Болоња затоа што кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Болоња во моментов е на четвртата позиција со 68 бодови, односно два повеќе од Аталанта, додека Џенова ја заврши сезоната на 11. место со 49 бода.