Репрезентативецот на Мароко, Софијан Амрабат до последен момент го убедуваше раководството на Фиорентина да го пушти во Барселона, но калчолигашот не ја прифати неговата желба.
Амрабат ги изгубил нервите, откако дознал дека нема да го продадат, па влегол во канцеларијата на претседателот на клубот, Роко Комисо и направил вистински хаос.
Италијанските медиуми пишуваат дека Амрабат кажал тешки зборови поради кои екипата би можела да го суспендира до крајот на сезоната и да го испрати на трибини.
Фиорентина не му дозволи на Амрабат да замине во Барселона поради тоа што каталонскиот клуб не можеше да вметне откупна клаузула во понудата поради финансискиот фер-плеј.