Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов во текот на вчерашниот ден официјално го комплетираше трансферот во Барнли, но тоа не беше проблем за да денеска неговиот нов тренер Венсан Компани го „фрли во оган“ на средбата против Блекпул во Чемпионшип лигата.
Дарко беше активен од 72 минута, односно тој влезе во игра при водство на Барнли од 3-1. Гостите од 74 до 76 минута постигнаа два брзи гола и дојдоа до 3-3, резултат кој се покажа како конечен на „Турф Мур“.
Ова воедно беше дуел кој двете екипи го завршија со по 10 играчи.
Барнли со учинок 1-3-1 (победа-реми-пораз) е на 15 место по 5 одиграни кола.
Standings provided by SofaScore LiveScore