Тотенхем ја оствари втората победа во новата сезона од Премиер – лигата совладувајќи го минимално Вулверхемптон со 1-0. Тимот на Антонио Конте со седум бода во моментот се искачи на првото место на табелата.
Хари Кејн повторно беше човек на одлука за Тотенхем. Тој го постигна победничкиот гол во 64.минута, откако со удар со глава ја погоди мрежата на „волците“.
По корнерот од левата страна, Перишиќ ја префрли преку себе топката, а во петерецот Хари Кејн се снајде најдобро и постигна гол за триумф. Тоа е 185. гол за Хари Кејн за Тотенхем и рекорд за фудбалер кој сите ги има постигнато во еден клуб од Премиер – лигата.