Фудбалерите на Кристал Палас со пресврт во второто полувреме успеаја да го победат Вулверхемптон со 2-1 во вонредното 11-то коло во англиската Премиерлига.
Еберечи Еке две минути по стартот на вториот дел и Вилфред Заха во 70-та минута го комплетираа пресвртот за трета сезонска победа, откако „волците“ по пола час игра поведоа со гол на Адама Траоре.
Кристал Палас со оваа победа дојде до 13 бода и сега е десетопласирана на табелата, додека Вулверхемптон го доживеа четвртиот порз во последните пет меча, па остана на девет бода веднаш над опасната зона за испаѓање.