Фудбалерите на Сампдорија направија голем исчекор кон обезбедување опстанок во италијанската елита, откако попладнево, како гости, ја совладаа Венеција (2-0), која останува еден од главните конкуренти за преселба во Серија Б.
Мечот беше решен уште во првото полувреме, а јунак на тимот од Џенова беше Капуто, кој ги постигна двата погодока и тоа во 24. и во 38. минута од натпреварот. Со ова, Сампдорија стави крај на серијата од три порази во Серија А, а ја продолжи неуспешната низа на противникот, кој сега има четири „нули“ едно по друго.
Венеција останува прва под линијата за опстанок со 22 бодови, три помалку од Калјари, кој има одиграно меч повеќе. Џеновјаните, пак дојдоа до 29 бода и пласман на 15. позиција на табелата.