Со машкиот слалом спуштена е завесата на Светскиот скијачки куп, а вкупната победа и Малиот кристален глобус му припадна на Норвежанецот Хенрик Крситоферсен .
Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен повторно го освои Малиот кристален глобус во слалом. На крајот на скијачката сезона, машкиот слалом беше последната трка од Светскиот куп.
Четворица скијачи влегоа во трката со шанси за Малиот глобус, но сето тоа се претвори во директен дуел меѓу Кристоферсен и Лукас Браатен. Во случај на победа на Браатен, третото место беше доволно за Кристоферсен.
Тој го обезбеди ова кога претпоследен во второто возење се спушти по падината и беше втор зад сонародникот Атле Ли Мекграт и покрај големата грешка на крајот што за малку ќе го исфрлеше од патеката, а Браатен беше прилично бавен и заврши 11-ти.
Мануел Фелер остана на подиумот со вкупно 77 стотинки зад Мекграт, додека Алберт Попов и Хоаким Салариш скокнаа високо на четвртото и петтото место.
Кристоферсен заврши прв во поредокот за слалом и го освои Малиот глобус, следен од Фелер и Мекграт, а Браатен падна на четвртото место. Големиот кристален глобус отиде во рацете на Марк Одермат.