Фудбалерите на ПСЖ во последните недели продолжуваат со големи киксеви. По четврти пат во последните шест натпревари во сите натпреварувања, ПСЖ настрада на гостувањето кај Монако .

Фудбалерите на ПСЖ никако не можат да излезат од најголемата криза која ги тресе оваа сезона. На последните шест натпревари, како во Лига 1, така и во Лигата на шампионите, ПСЖ има четири порази, а и по славјето над Бордо нема споено две прослави.

Во првиот неделен меч во Кнежеството, Монако беше подобар во 29. коло со убедливи 3-0. ПСЖ кој играше без Лео Меси од почетокот делуваше заспано, а домаќинот знаеше како да го казни тоа.

Во 21. минута Жан Лукас имаше удар кој заврши за малку крај голот, но во 25. минута Монако поведе по додавањето по земја на Јусуф Фофана,а Висам Бен Једер со одлична пета ја сврте топката во мрежата.

Резултатот 1-0 остана до 68. минута, ПСЖ не создаде ништо освен една добра шанса за Ахраф Хакими, а потоа Кевин Воланд постигна гол за удвојување на водството.

Конечниот удар на парижаните им го зададе Бен Једер од пенал кој го направи Преснел Кимпембе.Донарума го прочита пеналот но топката сепак забрши во неговата мрежа .

Тоа по секоја веројатност не значи многу за амбициите на ПСЖ за титулата. Предноста е сепак огромна, 15 бода пред Марсеј и Ница кои исто така знаат да бидат склони на грешки, а играат меѓу себе и победникот ќе се доближи на 12 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=vTwSHPWzNJE