Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски е во одлична форма пред собирот на националниот тим и баражот против Италија за пласман на СП во Катар. Напаѓачот на Дебрецен беше стрелец на победничкиот гол (0-1) за својот тим на гостувањето кај Пакс.
Давид Бабунски погоди во 53.минута, а стартер за Дебрецен беше и Доријан Бабунски. Двајцата по завршувањето на мечот доаѓаат за Скопје каде треба да се приклучат на подготовките на А-тимот.