Севилја и Валенсија ремизираа 1-1 на стартот на десеттото вонредно коло во шпанската Ла Лига во лудиот меч кој траеше дури 105 минути, а „љиљаците“ пропуштија голема шанса во 12-та минута од судиското надополнување да дојдат до победа откако промашија пенал.
Аргентинецот Ерик Ламела ја спаси Севилја од домашен пораз на четири минути пред крајот со гол за да извади реми 1-1, но вистинска драма имаше после 90-та минута во која дури 15 минути траеше надополнувањето, па донесе едно исклучување на Кике Салас, а потоа и пенал за Валенсија кој не го реализира Хосе Гаја, чиј удар го прочита Боно.
Ламела погоди од непосредна близина во 86-та минута од мечот на асистенција на Салас кој му ја спушти топката на пет метри после корнер на Андалузијците, па ова беше четврто сезонско реми за нив, откако уште по шестата минута се најдоа во негатива откако „љиљаците“ поведоа со гол на уругвајската ѕвезда Единсон Кавани.