Хетафе постигна гол за израмнување 2-2 на 14 минути пред крајот откако Ињаки Вилијамс по две минути игра и Раул Гарсија еден час потоа двапати му носеа предност на Атлетик на мечот. Карлос Алења го даде првиот гол за Хетафе во 27-та минута од мечот.
Атлетик Билбао го запиша третото сезонско реми, па сега со 18 бода е шестопласиран, додека за Хетафе со ова второ реми во низа од вкупно трите досега, дојде до девет бода и е 15-то пласиран на табелата во Ла Лига.