Болоња конечно се израдува на победа, под водство на новиот менаџер Тјаго Мота, кој седи на клупата на тимот веќе четврти меч во италијанското првенство.

Го совладаа конкурентот во борбата за опстанок, Лече со 2-0. Водството дојде уште рано, во 13. минута, од пенал, кој беше проверен и со ВАР, а како стрелец се запиша Марко Арнаутовиќ, напаѓачот кој беше отсутен поради повреда, на минатиот првенствен дуел. Тоа беше негов седми гол во Серија А оваа сезона. Во 35. минута, Луис Фергусон беше највисок по еден корнер и погоди за 2-0, што се покажа недостижно.

Ова е прва лигашка победа откако Мота стана тренер, на 12 септември, а втора едноподруго, бидејќи во четвртокот Болоња го совлада Каљари со 1-0, во Купот. Пред почетокот на оваа средба, Лече беше на 16. место со осум бода, Болоња на 17. позиција со седум, па со овие три бода тимот на Тјаго Мота направи важен скок до 13. место на табелата.

https://twitter.com/AboutScotlandd/status/1584186068307685381?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1584186068307685381%7Ctwgr%5E305e6a85dfe6121d45fa83d7243dcd55ebe9c780%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fbolonja-prvpat-pobedi-vo-serija-a-otkako-mota-go-nasledi-mihajlovikj-video