Голот со кој Борнмут води со 1-0 на гостувањето кај Арсенал, е постигнат после 9,11 секунди игра. Стрелец на голот беше Филип Билинг.
Гостите брзопотезно го шокираа фаворитот, а ова е втор најбрз гол во историјата на англиската Премиер лига. Рекордот го држи Шејн Лонг од Саутхемптон против Вотфорд од 2019 година, кога постигна гол после само 7 секунди и 69 милисекунди игра.
https://twitter.com/Reinaldodcg9/status/1632033885004484611?s=20