Роберт Левандовски и Гави завршија најголем дел од работата уште во првото полувреме и тоа во последните 15 минути од овој период, откако постигнаа по еден гол на кој еден на друг си асистираа. Прв погоди Гави во 33. минута на додавање на Полјакот, кој потоа умешно искористи негово маестрално додавање во 45. минута. Точка на средбата стави Педри во 69. минута, а Карим Бензема во третата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Претходно, во полуфиналните пресметки, Барса го совлада Бетис (3-2), а Реал М. Беше подобар од Валенсија (2-1) дури по продолженија.