Манчестер сити на домашен терен славеше со пресврт над Брентфорд со 2-1. Двата гола беа дело на Ерлинг Халанд, кој дојде до неверојатна бројка од девет гола на четири меча во Премиер лигата.
Изненадувачки, Брентфорд дојде во водство уште во 22-рата секунда од мечот, откако Виса најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја искористи колебливоста на домашната одбрана.
Халанд во второто полувреме пропушти и неколку изгледни прилики , ја погоди и стативата, како и можноста да стане првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата со три хет-трика во првите четири кола од првенството.
Во малото лондонско дерби фудбалерите на Фулам во самиот финиш испуштија победа против Вест Хем Јунајтед. Дуелот на „Крејвен Котиџ“ беше отворен во 24. минута, кога Хименез на додавање на Смит Роу погоди за 1-0, додека во самиот финиш искусниот Ингс со својот прв сезонски гол ги постави конечните 1-1.
На останатите натпревари Брајтон ремизира со Ипсвич, додека Лестер Сити извојува триумф на гости кај Кристал Палас (1-2).