Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике денеска го објави списокот со 26 фудбалери со кои ќе патува на Светското првенство во Катар, а меѓу нив го нема поранешниот капитен на селекцијата и ѕвезда на ПСЖ, Серхио Рамос.

На списокот на Енрике немаше место ниту за голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, како што се шпекулираше и претходно, но затоа повика тројца други чувари на мрежата, а тоа се Унај Симон, Давид Раја и Роберт Санчез.

Енрике во одбраната ќе смета на Пау Торес, Жорди Алба, Хозе Гаја, Уго Гиламон, Ерик Гарсија, Аспиликуета, Карвахал и Лапорт, додека во средината ги има Бускетс, Родри, Педри, Коке, Гави, Солер и Лоренте.

Шпанија во офанзивниот дел од теренот ќе смета на Сарабија, Вилијамс, Асенсио, Мората, Фати, Пино, Торес и Олмо.