Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо и Роберто Карлос се сретнаа во Катар на Конгресот на ФИФА.
Во таа прилика, тие мораа да направат ПЦР тест за коронавирус, а реакцијата на Роналдо откако му зедоа брис од носот стана хит на социјалните мрежи.
„Се обидуваш да ме убиеш?“, извика еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а Роберто Карлос се слуша како во позадина умира од смеа гледајќи ги проблемите на поранешниот соиграч на Реал Мадрид и националниот тим.