Гилингам го победи Лејтон ориент со 2-0 во дуел од англиската Лига 2, која е четврта по ранг, а на оваа средба финишот на натпреварот наликуваше на циркус наместо на фудбалски. Фудбалерите на Лејтон губеа ама немаа ама баш никаква желба да го нападнат противникот и да му ја одземат топката.
Фудбалерите стоеја, тимот кој губеше не се обидуваше да ја одземе топката и да нападне, а тимот кој водеше немаше амбиција да даде и трет гол, па последните десетина минути поминаа едноставно во чекање судијата да отсвири крај.
Навивачите пееја, а коментаторите и некои од играчите се смееја. Екипата на Лејтон дозна дека Брадфорд примил гол од Свиндон и тоа значеше дека Лејтон Ориент сигурно оди во Лига 1.
Еве како изгледаше мечот откако Лејтон дозна дека може да си дозволи и пораз: