Жозе Мурињо знаеше да паркира автобус, ама Диего Симеоне очигледно го надмина во ултрадефанзивната тактика вечерва на „Итихад“, па во еден момент стана вистински хит за поставеноста на неговите фудбалери во пресметката со Манчестер сити.
Иако тргна Симеоне со стратегијата 3-5-2, моќта на четата на Пеп Гвардиола е да ја држи топката во свој посед, при што „граѓаните“ имаа 70 отсто посед, но цели 70 минути не успеаа да најдат начин како да го разбијат бункерот на аргентинскиот стратег.
Симеоне играше во формација 5-5-0, сѐ до моментот кога Фоден му асистираше на Де Брајне за гол и победа.