Словенечката фудбалска легенда Јосип Иличиќ имаше одлична кариера во Аталанта, но се соочи со сериозни психички проблеми и депресија, по што исчезна од фудбалот, но по одреден период реши да се врати во Марибор.
Иличиќ има 34 години, а пред две години успеа да испише историја во Лигата на шампиони, откако постигна четири голови за Аталанта против Валенсија во осминафиналето на елитното натпреварување.
Меѓутоа, следеше пауза во неговата кариера и од мај немаше заиграно фудбал поради тешка депресија, а причина за тоа е неверството на неговата сопруга кое тешко го поднесе и тоа можеше да се забележи на теренот.
Иличиќ завчера успеа да постигне гол за Марибор против Мура во домашниот шампионат, но сите зборуваат за неговиот физички изглед бидејќи може да се забележи дека има отповеќе килограми додека го немаше на фудбалските терени.