Манчестер Јунајтед го декласира Челси со 4-1 на „Олд Трафорд“, со триумфот и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Кашемиро обезбеди предност за „ѓаволите“ во шестата минута, а Антони Марсијал зголеми на 2-0 непосредно пред одморот.

Во вториот дел, Бруно Фернандеш реализираше пенал, во листата на стрелците се запиша и Маркус Рашфорд, а почесниот гол за Челси го постигна Жоао Феликс во 89.минута.

Бразилецот Ентони заработи сериозна повреда и тоа единствената лоша вест за Ерик Тен Хаг од овој меч.

На коло пред крајот познати се сите учесници во Лигата на шампионите од Англија, тоа се Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл.