Валенсија загуби на гостувањето кај Мајорка, па славниот клуб од Местаља до последното коло ќе се бори за опстанок во шпанска Примера.
Валенсија беше подобар противник од Мајорка, но домаќините беа тие кои постигнаа гол и дојдоа до трите бода.
Клучниот момент се случи во 64. минута кога по асистенција на Ли Канг-Ин, Ведад Муричи постигна гол за триумф на Мајорка.
На две кола до крајот Валенсија има само два бода повеќе од Ваљадолид кој се наоѓа во зоната за испаѓање.