Уругвај и Аргентина се лути ривали, секој нивни меч е вистинска војна, ама легендарниот Луис Суарез не можеше да не му се поклони на својот поранешен соиграч во Барса и голем пријател Лионел Меси, кој вчера блескаше против Хрватска со гол и асистенција, па стигна до десетто МВП-признание за играч на мечот, никој нема повеќе вакви признанија од него.
Суарез преку социјалните мрежи ѝ се обрати на јавноста потенцирајќи дека Меси заслужува аплауз од секој за сè што му даде на фудбалот.
„Никогаш не ти здосади да покажеш дека си најдобар на светот. Сите треба да станеме да аплаудираме за сè што ова дете му даде на фудбалот“, објави Суарез.