Аргентина обезбеди финале на Светското првенство (СП) по победата над Хрватска од 3-0, а Аргентинците веднаш почнаа со прослава во Росарио.
Лионел Меси постигна еден гол и асистираше за уште еден, а тоа предизвика еуфорија на улиците на родниот град на Меси.
„Гаучосите“ во финале ќе играат против победникот од мечот меѓу Мароко и Франција, кој се игра вечерва од 20 часот.