Со голот на Дивок Ориги во петтата минута од продолжението, Ливерпул вчера на гости го совлада Вулверхемптон (1:0) и го прескокна Челзи на табелата.
Верувале или не, херојот на црвените го доби името по легендарниот српски кошаркар Владо Дивац.
Белгиецот Дивок во интервју за угледниот „Бличер репорт“ откри дека неговите родители биле големи обожаватели на српскиот ас.
“Крстен сум по Владе Дивац. Моите родители го гледаа како игра и сакаа да ме именуваат по него, само малку го приспособија името”, откри Дивок.
Да се потсетиме на голот вреден три бода.