Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски заслужен е за бодот што го освои неговиот тим Ал Фајха  против Ал Рaeд во првенството на Саудиска Арабија. Гостите водеа со погодок од 24 минута на Дамјан Ѓоковиќ, а изедначувањето стигна дури во 80 минута. По корнерот Милан Павков шутираше со глава, топката малку го „закачи“ Трајковски и заврши во мрежата на противничкиот голман.