Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо на социјалните мрежи сподели тажна вест. Неговата девојка Георгина Родригез се породи со близници, но за жал едното бебе починало.

„Со големо жалење мораме да објавиме дека нашето момче почина. Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да живееме во овој момент со малку надеж и среќа.

Би сакале да им се заблагодариме на докторите и на медицинските сестри за нивниот професионализам и грижа. Скршени сме од болка по оваа загуба и ве замолуваме за приватност во овие тешки моменти. Наше мало момченце, ти си нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, стои во објавата на Роналдо на социјалните мрежи.