Бразил го прославуваше израмнувачкиот гол за 3:3 како да забележа победа на големо натпреварување, меѓутоа препукувањата почнаа 20-тина минути претходно кога младиот бразилец Ендрик режираше еден навистина непотребен и невкусен потег на теренот.
Идната ѕвезда на Реал Мадрид се претстави на „Бернабеу“ со гол во мрежата на Шпанија, но исто така и ги разбесни шпанските фудбалски фанови и играчите на Шпанија кои беа на клупата.
Ендрик два пати намерно го удираше Кукурелја и за валканиот потег доби јавна опомена од судијата, а тоа означи почеток на тензијата која траеше до самиот крај на дербито.
Бразилците не загубија и на вториот меч под водство на новиот селектор Доривал Жуниор, бидејќи пред дербито со Шпанија успеаја да победат на „Вембли“ против Англија.