Фудбалска репрезентација на Летонија  одигра пријателски натпревар со Лихтенштајн, а противникот доби неочекуван, но квалитетен подарок од противникот.

Уште по само 14 секунди од почетокот на средбата, Летонците по неколку додавања се најдоа во бизарна ситуација, во која Марсис Ос наместо да го проигра својот голман, ја испрати топката во мрежата на летонскиот гол.
Судијата и сам беше изненаден од развојот на настаните, но рутински покажа кон центарот, најавувајќи ја големата радост на Лихтенштајн.

Во продолжение, Летонија сепак израмни по само 10 минути, но не успеа да направи целосен пресврт па натпреварот заврши со конечни 1:1.

Погодокот може да го видите тука.