Убедливаа победа на гости оствари Манчестер Сити кај словачкиот, Слован Братислава (0-4). Англискиот првак во одличен натпревар, уште рано дојде во водство со головите на Гундоган и Фоден, а потоа преку Халанд и Мекати ја потврди убедливата победа.
Екипата на германскиот првак Баер Леверкузен славеше во една од дерби пресметките против Милан со 1-0. Фудбалерите на Чаби Алонсо беа доминантни во првиот дел, „росонерите“ беа преповлечени, а потоа и Милан се отвори и видовме лудо второ полувреме.
Баер започна фуриозно, на самиот старт се закани Инкапи, а Мењан одбрани. Доминираше, диктираше темпо домаќинот, беше опасен од секоја позиција. Виктор Бонифејс успеа да постигне гол во првиот дел кој беше поништен поради офсајд, а имаше и уште неколку ситуации во кои домаќинот можеше лесно до гол.
Вториот дел беше вистинско фудбалско шоу, „росонерите“ се отворија и се редеа шанси на двете страни. По два обиди Баер Леверкузен дојде до предност, откако на одбиена топка налета Виктор Бонифејс и ја смести во мрежата за 1-0 во 51. минута. Следеа шанси за Милан преку Реијндерс, Абрахам и Леао, но безуспешно. Шанса да стави точка на мечот имаше Фримпонг, кој не реализира зицер во контра. Најголемата можност за гостите дојде по удар на Тео Хернандез кој заврши во пречката, а одбиената топка Мората ја прати до стативата. На крајот Баер се одбрани и оствари минимална но важна победа.
Сигурна победа забележа Интер против Црвена Звезда од 4-0 (1-0). Натпреварот на „Џузепе Меаца“ во целост му припадна на домаќинот кој одигра перфектно. Резултатот го отвори Хакан Чалханоглу со страшен гол од слободен удар во голманската страна (1-0). Во првиот гол имаше Интер и два поништени гола, но тоа го надополни во продолжението. Арнаутовиќ ја удвои предноста, а во финишот погодија Лаутаро Мартинез и Тареми.