Динамо одигра одличен натпревар во Лондон. „Сините“ го отворија натпреварот со спектакуларниот гол на Оршиќ во 4. минута, имаа неколку одлични можности во првото полувреме и можеа да заминат на одмор со поголема предност. Во вториот дел избраниците на Копиќ продолжија во ист ритам, Вест Хем не создаде посериозна шанса во текот на целиот натпревар и Динамо дојде до голема и заслужена победа и што е најважно уште еднаш мина во нокаут фазата на Европската лига.
Нашите репрезентативци , Аријан Адеми и Стефан Ристовски одиграа одличен натпревар . Адеми капитенски го предводеше средниот ред на Динамо и настапи до 71 минута , а Стефан Ристовски беше еден од најдобрите на теренот и комплетно ги затвори крилните играчи на Вест Хем . Го одигра целиот натпревар , а во 34 минута заработи жолт картон .
Динамо на ждрепката во понеделник ќе го добие својот противник во 1/16 финалето од Лигата на Европа .