Порто го совлада Кјелце со 29-27 во рамки на 10.коло во групата Б во ракометната Лига на шампиони.

Португалците лошо го почнаа мечот и имаа негатива од 1-6 на стартот. Во продолжението заиграа многу подобро, па на полувремето домашниот тим имаше нерешено 14-14. Во вториот дел Порто постојано водеше и успеа да дојде до 29-27, што беше прва победа по пауза од шест натпревари по ред.

Македонскиот репрезентативен голман имаше пет интервенции на голот на Порто, додека во нападот најмногу се истакна Педро Круз со седум голови. Кај Полјаците најдобар беше Каралек со седум голови, додека Алекс Душебаев погоди пет пати.

Standings provided by SofaScore LiveScore