Тимот на ПСЖ успеа да освои бод против европскиот првак Барселона, откако во финишот губеше со три гола разлика, но може да жали и што не стигна до триумф, бидејќи во првиот дел имаше шест гола предност.
По почетните 2-2, домаќинот се одлепи на плус шест, а европскиот првак немаше решение за различниот напад на ПСЖ. Беше и 9-3, а за момент Барса се врати на пристојни минус три, 9-6.
Во вториот дел, по пет минути игра, Ремили донесе 20-16 за домаќинот, но во продолжение се разбрани Де Варгас, па Барса направи комплетен пресврт и поведе со гол разлика, 20-21. Имаше шанса да зголеми водството, но голманот Женти на два пати му одбрани шут на Гомез.
Али Зеин доби црвен картон за еден старт над Стеинс, но тоа не ги вознемири каталонците. Напротив, првпат преку Циндриќ поведоа и со два гола, 22-24 во 49. минута.
Беше и 23-26, но Соле го остави ПСЖ во игра со голот за 26-27 на три минути до крајот, а Ремили донесе реми во следниот напад. Барса доби пенал кој го реализираше Гомез, но и Гребиј погоди на спротивната страна.
На катаолонците им останаа петнаесетина секунди за победнички гол, но не брзаа премногу, па мечот заврши реми, 28-28. Најдобри стрелци кај ПСЖ беа Соле со осум и Ремили со шест гола, додека кај Барса, Лангаро постигна седум погодоци.