Младиот голман и самиот беше фактор на инспирација за неговите соиграчи, а на прес-конференцијата по мечот кажа како публиката била таа што ги носела.
„Мислам дека одлично отворивме и создадовме една разлика која добро ја контролиравме. Секако,имавме и некои падови, но нова екипа сме и уште се пронаоѓаме себеси. Секако во иднина ќе бидеме сè подобри и подобри. Благодарност и до публиката, навистина ни беше ветер во грб вечерва“, рече Томовски, едно од засилувањата ова лето, дојде од Лудвигсхафен.
Вардар го следеа околу 1.500 гледачи во салата „Јане Сандански“, а дел од нив беа и од навивачката група Комити.