Тимур Дибиров со седум гола беше прв стрелец кај Вардар во убедливата победа над Елверум од 39-30 во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони оваа сезона.

Рускиот ракометар беше незапирлив вечерва, имаше неколку атрактивни погодоци, а еден од нив дефинитивно ќе биде во конкуренција за Топ 5 најдобри голови.

Уживајте во мајстoријата на Тимур Дибиров.