Продолжуваат големите проблеми за холандската репрезентација. Во новата рунда на заразени се тројца важни играчи и физиотерапевтот ,
Холандија се соочува со се поголеми проблеми со играчи кои се позитивни на коронавирус. Таа веќе остана со прилично намален тим и многу важни на играчи, а сега бројот на нив во клиниката е зголемен.
Надвор од кадарот веќе се Џефри Бумхаувер, Робин Шоенакер, Исо Слујтерс, Денис Шелекенс, Барт Равенсберген, Рутгер тен Велде и Гери Ајлерс.
На последниот тест позитивни беа и Самир Бенгамен, Јаспер Адамс, Кеј Смитс и физиотерапевтот Роберт Бардс.
Тоа е голем хендикеп за Холандија, која има уште два натпревари, утре против Данска и два дена подоцна против Хрватска. Нема сомнеж дека најмногу ќе недостасува Кеј Смитс, најдобриот стрелец на ЕП со 11 гола повеќе од второпласираниот Аркадиуш Морито од Полска.