Италијанската скијачка Елена Куртони победи во супервелеслаломската трка која се возеше во рамките на Светскиот куп во Кортина д’Ампецо, Италија.
Куртони победи со 1:20,98 минути и ја постигна втората победа во кариерата. Првата победа ја забележа пред две години во Бугарија во спуст.
Второто место го зазеде Австријката Тамара Типлер со 0,09 секунди заостанување, а третото место го зазеде Швајцарката Мишел Гисин со 0,24 секунди заостанување.
Италијанката Софија Гоџа падна , при што го изврте зглобот и не ја заврши трката. Таа во саботата победи на спустот на познатата италијанска патека.
Водечката во генералниот пласман Американката Микаела Шифрин го зазеде 16. место.
Лидер во супервелеслалом со 377 бодови е Италијанката Федерика Брињоне, која денешната трка ја заврши на четвртото место. Втора е Куртони со 348 бодови, а трета Гоѓа со 332.