Естер Ледецка, 26-годишна чешка скијачка, победи на спустот од Светскиот куп во Кран Монтана. За Ледецка ова е трета победа во кариерата во Светскиот куп.
Само четири скијачки заостанаа помалку од една секунда зад Ледецка, а најблиску до неа беше Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која заврши втора со 21 стотинка заостанување. Трета, пак, беше Австријката Корнелија Хутер (42 стотинки послабо време).
Инаку, Швајцарките и Австријките доминираа ако ги изоставиме најбрзите две во Кран Монтана. Имено, дури четвири швајцарски скијачки се пласираа меѓу првите десет, односно трои австриски претставнички.
Најдобрата скијачка во спуст сезонава, Италијанката Софија Гоџа, трката ја заврши на 12. место, но го задржа првото место во редоследот од оваа дисциплина.
Во генералниот пласман води Американката Микаела Шифрин со 1026 бодови пред Петра Влхова (1012) и Гоџа (791).
Светски куп, спуст во Кран Монтана:
1. Естер Ледецка (Чешка) 1: 30.17
2. Рагнхилд Мовинкел (Нор) +0,21
3.Корнелија Хутер (Аут) +0,42
4. Приска Нуфер (Шва) +0,81
5. Миријам Пучнер (Аут) +0,98
6. Јоана Хелен (Шва) +1.11
7.Мишел Гисин (Шва) +1,12
8. Мари-Мишел Гањон (Кан) +1,19
9.Тамара Типлер (Аут) +1,20
10.Корин Сутер (Шва) +1,22