Норвешкиот ски-скокач, Халвор Гранеруд, е победник на годинешното издание на традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“, откако триумфира и на денешната последна станица во Бишофсхофен.
Тој попладнево скокна 157 и 143,5 метри, што беше доволно за највисокото место на пиедестал, пред Ланишек и Кубацки.
Гранеруд триумфира на три од четирите скокалници, а не триумфира само во Инсбрук, каде што најдобар беше Полјакот Кубацки.